Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети

На 05/06.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Т.(37), З.Т.(25), И.Д.(31), Б.Ј.(20), М.Г.(20) од Скопје, Ш.Б.(33) од с.Инџиково, скопско и Е.Н.(25) од с.Кондово, скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана.
На 06.07.2026 во 02:40 часот, на улица „101“ во Гостивар, во близина на бензинска пумпа, полициски службеници го лишија од слобода Л.Ќ. (18) од Гостивар, кај кого при преглед била пронајдена и одземена марихуана.
На 05.07.2026 во 14:15 часот во СВР Скопје, од Казнено- поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 12:15 часот во установата за време на посета на осуденик С.М.(32) од Штип при извршен претрес биле пронајдени и одземени таблети.
На 05.07.2026 во 17:25 часот, на ул. „Тепсија” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.Б.(20) од Битола, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.
На 05.07.2026 на место викано Вештачко езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Ш.О. (41) од Р.Турција, со привремен престој во Прилеп и Ф.И. (27) од Прилеп. При контрола на патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, во кое биле двете лица, пронајдена била прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
-

Мицкоски: По две години успеваме да го консолидираме и земјоделството каде што наследивме катастрофа
-

Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
