Уапсени десет лица во Грција за нелегален софтвер на бензински пумпи за точење помалку гориво од прикажаното

Со спроведување на над 30 истовремени истраги на бензински пумпи, во компании и домови, од рано утрово во тек е акција на грчката полиција во повеќе делови на земјата за разбивање криминална организација што на бензинските пумпи инсталирала специјален софтвер со цел да точат помала количини гориво од прикажаното.
Од грчката полиција информираа дека досега се уапсени десет лица, а акцијата на Дирекцијата за борба против организиран криминал се спроведува областа Атика, поширокиот регион на Атина, во Солун, Тесалија, како и во централна, северна и североисточна Грција.
– Членовите на организацијата, со специјален нелегален софтвер што го имаа инсталирано на бензински пумпи, ги измамуваа граѓаните испорачувајќи помали количини гориво од прикажаните, информираа од полицијата.
Вакви акции за откривање криминални организации кои со специјалниот софтвер во суштина краделе бензин од граѓаните беа спроведени и во текот на минатата година.
Во март беа уапсени над 55 лица, членови на две криминални организации и беше откриено дека софтверот бил инсталиран на над 50 бензински пумпи во цела Грција, а два месеци подоцна, беа затворени пет бензински пумпи во Солун и Атина.
МИА
Ново на Сител
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
-

Сенатот усвои Резолуција за ограничување на воените овластувања на претседателот на САД
-

Трамп верува дека е можен дипломатски договор меѓу САД и Куба
-

Променливо облачно време со ветер и услови за дожд
