Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив шест управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. По две лица во Тетово и Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во Гевгелија и Прилеп.
Едно од лицата во Скопје кое управувало возило во Скопје е малолетник. По едно лице во Прилеп и Скопје управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана. Додека, еден возач во Кавадарци управувал возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Ново на Сител
-

Куманово: Тешко повреден малолетник во сообраќајка
-

ФЕД го назначија Пауел за привремен претседател се додека Ворш не положи заклетва
-

На досегашниот началник на белградската полиција му е одреден 30-дневен притвор
-

Хигиеничар во основно училиште во беровско село снимал ученици со мобилен телефон
-

Ѓорѓиевски: После 30 години решени имотно-правните односи, се довршува булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево, Зелениково, Студеничани...
-

Путин во официјална посета на Кина на 19 и 20 мај
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
-

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола
