Loading Video...
Македонија
10. July 2026 - 19:54

Уапсени двајца членови на Беланоца

Двајца членови на организираната криминална група Беланоца се уапсени во албанскиот град Драч во заедничка акција на македонската и албанската полиција и Интерпол. Приведено  е 24-годишно лице родено во Скопје и 34 годишен маж роден во Норвешка. Според МВР се барале за повеќе тешки кривични дела, а при приведувањето кај нив биле пронајдени фалсификувани лични документи со кои постои сомнение дека сакале да ја напуштат државата.

Според информациите кои се споделуваат и иницијалите во полицискиот билтен, едниот од нив е Муса Џавит кој се бара со меѓународна потерница за убиството на офицерот на АРМ лани во Батинци. Жртвата беше убиена додека се движела со автомобил, бидејќи не дозволил неговата ќерка да се омажи за член на групата.

Кога го сторил ова убиство Џавит се барал со потерница и за друго убиство од 2024-та, само еден месец откако откако ја издржувал затворската казна за нелегално поседување на оружје.

И второто уапсено лице е барано со меѓународна потерница. Според информациите во јавноста, станува збор за Сенафи Нуредини, баран за убиства, криумчарење на мигранти и злосторничко здружување.

Криминалната група се поврзува со двојното убиство во „Шиша Бар“ во Скопје, убиството на Орхан Бајрами – Оки во Ханиоти, Грција, повеќе палења на автомобили на службени лица, изнуди врз бизнисмени.