-->
-->
Уапсени две жени кои ветувале лажни работни визи за Германија
-->
Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (20.03.2023) околу 14.15 часот ги лишиле од слобода 41-годишната тетовка А.А. и 26-годишната Ф.Б. од гостиварско Србиново.
Тетовката, која во Гостивар престојувала кај Ф.Б, се сомничи дека минатата и оваа година на подрачјето на Гостивар, Тетово и Скопје извршила над 5 измами, лажно ветувајќи им на измамените дека ќе им обезбеди работни визи за
Германија, за што им побарала и добила одреден паричен надоместок.
Двете се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што на А.А. ќе ѝ биде изготвен поднесок по член 247 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Португалија планира да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години
-

Борозан нов ракометар на ГРК Охрид
-

Состанок ЕУ-Западен Балкан посветен на предизвиците на превозниците
-

Трамп: Наскоро доаѓаат добри вести за завршување на војната во Украина
-

Променливо облачно, температурата до 11 степени
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
