Македонија
7. јуни 2026 - 18:44

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од кои пет возеле без возачка дозвола (четворица во Скопје, и еден во село Горно Јаболчиште, општина Чашка, велешко), тројца под дејство на алкохол (по еден во Прилеп, Валандово и Кавадарци).

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. 

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.