Македонија
3. January 2026 - 11:33

Уапсено лице од Дебрца, возел со 2,21 промили алкохол во крвта

На 03.01.2026 во 01:13 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.М.(38) од с.Чешани, општина Дебрца.

При сообраќајна контрола на бул.„Туристичка“ во Охрид е сопрено патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,21 промили алкохол во крвта.