Loading Video...
Ракомет
8. February 2022 - 19:14

Убедлива победа на Вардар на гостувањето кај Војводина во дуел од СЕХА лигата

Во рамките од 2 коло на Б групата во СЕХА лигата македонскиот првак Вардар јзабележа победа на гостувањето во Нови Сад против Војводина. 
 
Црвено-црните одиграа одлична одбрана во второто полувреме, па на противникот му дозволија да постигне само 7 голови, а со конечни 26-16 ја остварија првата победа во новата сезона. 
 
По овој меч вардарци треба да одиграат два натпревари во домашното прветство, по што на 16 февруари следува пресметката во Монпелје во Лигата на шампионите, а два дена подоцна третиот меч во СЕХА лигата и тоа на гости кај Нексе тим од кој црвено-црните беа поразени пред четири дена. 
 
Потсетување дека вчера нашиот втор претставник Еурофарм Пелистер кој настапува во   А групата славеше победа на гостувањето во Белград кај Партизан со 25-23 .