-->
-->
Убиецот на мајка си во Штип бил поранешен познат угостител
-->
53-годишниот С.З. кој синоќа ја убил својата мајка во Штип е регистриран како алкохоличар - зависник, пренесува ТВ Стар.
Убиството тој го извршил синоќа во семејниот дом во агресивна состојба, тој со нож неколку пати ја прободел својата мајка, во инцидент кој не бил прв. До сега физичко насилство тој покажувал многупати поради што и бил предходно пријавуван во полицијата.
Неговите најблиски секогаш и во последен момент ја повлекувале пријавата надевајќи се дека тој ќе се излечи од зависноста од алкохол. Освен алкохолот С.З. за порок ја имал и коцката поради што постојано од најблиските барал и инсистирал на пари. Предходно, пред да западне во алкохолна криза, С.З. беше познат угостител во Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апел за штедење вода, зголемената потрошувачка предизвикува прекини
-
Австралија го повикува Израел да се откаже од планот за преземање воена контрола врз Газа
-
ИНРМ изработи образец за пријавување прекршок во случај кога не е овозможен визуелен пристап до струјомерите
-
Пијан маж ја убил својата мајка во Штип
-
ОН „силно се спротивставува на каква било ескалација“ на војната во Газа
-
Трамп: Примирјето во Украина зависи од Путин
-
24 години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак
-
Топлотен бран ја зафаќа земјава – препораки за заштита од високите температури