Убиени се шефот на Хамас за безбедност и целата негова фамилија

Јехад Мхеисен, шеф на безбедносните сили на палестинската милитантна група, е убиен во Газа, пренесе „Би-Би-Си“. Се наведува дека се убиени и сите членови на неговата фамилија.
Вдовицата на коосновачот на Хамас, Абдел Азиз ал-Рантиси, исто така, е наводно убиена во текот на изминатата ноќ.
Тие се последните високи лица во Хамас кои го загубија животот во она што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како долга војна што неговата земја ја води против Хамас.
Агенцијата АФП вчера објави дека Јамила Ал-Шанте, прва жена која беше избрана во политичкото раководство на Хамас, е убиена во израелски напад. Претходно оваа недела, израелските одбранбени сили во објава на платформата Х наведоа дека е убиен и Ајман Нофал кој е опишан како „високо позициониран во Хамас“.
Ново на Сител
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
