Убиство во Охрид
Анестезиологот Жарко Гроздановски приведен за убиството на Климе Митревски
Анестезиологот Жарко Гроздановски приведен за убиството на Климе Митревски сопственик на Климентов конак во стариот дел на Охрид.Неофицијално причина за ваквото дело е имот вреден над еден милион евра по претходно склучен договор за доживотна издршка.
Против осомничениот охридската полиција поднесе кривична пријава за убиство.
Од СВР Охрид велат дека станува збор за лице кое и е добро познато на полицијата.
Името на Жарко Грозданоски од Брвеница се поврзува и со настан кога бил уапсен и во 2019 година во својство на лидер на организацијата „Христијанско братство“, кој со видео–снимка објавена на социјалната мрежа Фејсбук му се заканувал на поранешниот премиер Зоран Заев и на сите останати членови на Владата.
На местото бил извршен увид од јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на обвинителството, телото на починатиот е предадено на обдукција.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
