Македонија
13. July 2026 - 10:07

Убиство во Скопје: Пијан татко ја нападнал сопругата, синот го усмртил со нож

31-годишен маж е уапсен во Скопје откако со нож му нанел смртоносни повреди на својот татко.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јули околу 23:00 часот, на подрачјето на Полициската станица Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Џ. (31) од Скопје.

Според пријавеното, околу 22:35 часот во семејниот дом, неговиот татко Е.Л. (52), кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, односно мајката на Б.Џ.

По нападот, Б.Џ., според пријавата, со нож му нанел убодни рани на својот татко.

Повредената жена била пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“ каде ѝ била укажана лекарска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Л. е предадено на обдукција. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.