Ученичка извршила напад со нож во училиште во Манчестер, повредени три лица

Три лица се повредени во инцидент во училиште во Манчестер, при што полицијата уапси една ученичка, јавуваат британските медиуми.
Според „Манчестер ивнинг њуз“ (Manchester Evening News), повредените се здобиле со рани кои одговараат на убоди од нож.
На снимките од местото на настанот се гледа голем број припадници на итните служби пред училиштето „Ко-оп Академи Блекли“ (Co-op Academy Blackley), додека родителите известуваат дека училиштето веднаш било ставено под безбедносна блокада.
Над училиштето бил забележан и хеликоптер, а возила на полицијата на Голем Манчестер и на службите за итна помош биле распоредени пред влезот и во училишниот двор.
Според весникот „Мирор“ (The Mirror), на родителите им било потврдено дека училиштето е затворено од безбедносни причини.
Засега не е познато што точно довело до инцидентот, но на терен се ангажирани голем број припадници на службите за итни интервенции.
„Полицијата во моментов реагира на инцидент во училиште на улицата Плант хил роуд во Блекли, каде што е уапсена една ученичка“, соопшти полицијата.
„Три лица се повредени, но во овој момент не се верува дека нивните повреди се сериозни. Итните служби и понатаму се на местото на настанот и му обезбедуваат поддршка на училиштето. Не се смета дека постои поширока закана за учениците и за персоналот“, се додава во соопштението.
Локалниот политичар Дин Лук Бут ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа околу училиштето поради присуството на голем број полициски службеници.
Полицијата подоцна повторно соопшти дека нема поширока закана за учениците и за вработените и дека продолжува да управува со ситуацијата во координација со училиштето.
Еден родител на социјалните мрежи напиша дека учениците се безбедни и дека од претпазливост биле заклучени во училниците.
„Мојот син е во деветто одделение. Ми се јави и ми кажа дека децата се заклучени во училниците како мерка на претпазливост. Значи, безбедни се“, напиша една мајка на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Скопјанец се заканувал дека ќе го задави своето дете, кршел покуќнина и ја повредил сопругата и нејзината мајка
-

Нуркачи пронајдоа 1.700-годишен римски мост во Швајцарија
-

Владата пред одлука државата сама да го реализира проектот Чебрен и Галиште
-

Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
-

Русија планира одобрување на две вакцини против агресивен тумор на мозок
-

Човековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите низ Европа, покажа нова студија во која учествуваат истражувачи од МЕД
-

Унгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните плати
-

Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
