-->
-->
Ученик претепан на голем одмор пред среднo училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол
-->

Шеснаесетгодишен ученик бил физички нападнат од две лица за време на големиот одмор пред средно училиште на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје. Еден од напаѓачите извадил и пиштол, но не пукал.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера (19 октомври) околу 16 часот во СВР Скопје од страна на Р.С. (41) од Скопје, татко на нападнатиот малолетник.
Според пријавата, неговиот 16-годишен син бил нападнат од две лица пред училиштето во кое учел, при што едниот од нив извадил огнено оружје, но не испукал куршум.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кај 25-годишник од струмичко пронајдена тегла и кеса со марихуана
-

Судењето за „Пулс“ продолжува со вкрстено испитување на вештакот на одбраната Русески
-

Во недела започнува зимското сметање на времето - Часовниците се враќаат еден час наназад
-

Андоновски од Сеул: Не смееме да дозволиме ВИ да ги дели државите на богати и сиромашни
-

Собранието и МАНУ со договор за уредување на меѓусебните односи
-

Трамп: Украина мора да сака да стави крај на војната
-

УЈП ќе ги презентира анализите за тоа колку и од каде заработувале граѓаните
-

Виткоф пристигна во Санкт Петербург на средба со Путин, по разговорите со Зеленски
