Македонија
19. December 2025 - 11:30

Ученик се самоуби доцна синоќа во Скопје

Доцна синоќа е пријавено самоубиство во Скопје, објави телевизијата Алсат.

Според неофицијални извори на Алсат, жртвата е ученик на возраст од 17-18 години а самоубиството го извршил во Парк шумата Гази Баба.

Повеќе детали се очекува МВР да соопшти во текот на денот.