УЈП: Над 35.000 граѓани поднеле барање за кориснички профил на даночен обврзник, но постапката за регистрација не е целосно завршена

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека се преземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), кај граѓаните кои имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена.
По извршени проверки во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена. Во насока на заокружување на постапката, до овие граѓани од страна на Управата за јавни приходи преку електронската пошта info@ujp.gov.mk се проследени персонализирани пораки со насока за понатамошно постапување.
- Доколку сте дел од овие граѓани Ве повикуваме да се обратите до надлежната канцеларија на Управата за јавни приходи со важечки документ за идентификација, со цел овластено службено лице да Ви ја одобри регистрацијата. Зошто е важно да имате валиден и активен кориснички профил во системот е-Даночни услуги? - Ви овозможува користење на услуги преку порталот за електронски услуги - https://uslugi.gov.mk/, Ви овозможува увид во податоците од Вашата Годишна даночна пријава за данок на личен доход - ДЛД-ГДП, Ви овозможува остварување на права како од надлежност на Управата за јавни приходи – издавање на уверение за остварен доход, така и од други институции - Управата за јавни приходи доставува податоци до други институции кои одлучуваат за остварување на права на граѓаните. Овие податоци можат да бидат одлучувачки за остварување на Вашите права, Ви овозможува користење на право утврдено со Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица – за да скенирате фискални сметки преку во апликацијата МојДДВ потребно е да имате кориснички профил во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), наведува УЈП.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации можат да се обратат на електронската адреса info@ujp.gov.mk или на телефонските броеви 02/3253-200 и 0800 33 000 (само од фиксни оператори).
МИА
Ново на Сител
-

Снуп Дог нуди работа од соништата: 10.000 долари месечно за да јадете сладолед – потребен е само пасош
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Двајца државјани на Тајван пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје
-

Трамп: Борејќи се со Иран, ги заштитуваме Израел, Блискиот Исток и западните земји
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт
-

Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
