УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски

Управата за јавни приходи (УЈП) тековно презема активности во рамки на своите надлежности, со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски за поднесување ДДВ-04 пријава, информираат од УЈП по реакциите дека заради технички проблеми во функционирањето на системите на УЈП, даночните обврзници биле оневозможени да поднесат ДДВ-04 пријава за последниот даночен период. Нагласуваат дека во периодот на масовно поднесување на пријавите не биле забележани технички проблеми во функционирањето на системот.
Во таа насока, како што велат, користејќи ги сите расположливи официјални канали, пред истек на законскиот рок за доставување на ДДВ-04 пријавите, од нивна страна објавено е соопштение на официјалната веб страница на УЈП на 23/01/2026 година, со апел до сите даночни обврзници навремено да ги достават потребните документи до своите сметководители и да ја исполнат законската обврска за поднесување и плаќање на данокот на додадена вредност искажан во месечните и тримесечните ДДВ пријави и да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци. Линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1188 .
-Проследени се и превентивни пораки преку електронската пошта info@ujp.gov.mk на ден 22/01/2026 година до 2.534 даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ пријава за даночен период 01/12/2025-31/12/2025 година, како и на ден 23/01/2026 година до 11.967 даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ пријава за даночен период 01/10/2025-31/12/2025 година, посочуваат од УЈП.
Нагласуваат дека во периодот на масовно поднесување на пријавите, Управата за јавни приходи обезбеди континуирана техничка поддршка и достапност на ресурсите, вклучително и увид во функционалноста на системите, согласно кој не беа забележани технички проблеми во функционирањето на системот.
-За тоа е објавено соопштение на официјалната веб страна на УЈП на 26/01/2026 година, со укажување дека поднесувањето на голем број на ДДВ-04 пријави во последниот ден значително го оптоварува електронскиот систем, поради што можно е зголемување на времето на чекање за обработка на даночните пријави. Линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1189
МИА
Ново на Сител
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
-

Трамп: Бајден дозволи во САД да влезат десетина милиони илегални криминалци
