-->
-->
Укината забраната за тешки товарни возила на превојот Стража
-->

Од 9:00 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, соопшти ЈП „Македонијапат“.
Претходно, поради обилни врнежи од снег, од 6:50 часот беше воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Надлежните апелираат до возачите да возат внимателно, да ја прилагодат брзината на условите на патот и задолжително да користат зимска опрема. Екипите на „Македонијапат“ се на терен и работат на расчистување и одржување на коловозите.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

66-годишен Грк допирал 14-годишно момче во бања во Штип
-

64-годишен маж пронајден мртов во својот дом во Велес
-

Скопјанец возел до и низ Дебар иако имал забрана за управување на автомобилот
-

Министрите за енергија на Г7 отворени за ослободување на резервите на нафта
-

Вешто лице сведочеше за неправилности во препишувањето терапија во случајот Онкологија
-

Пасош за успех: Како Flex Group ги слави своите хероини
-

Трет брод нападнат во Ормуски Теснец
-

Ѓорѓиевски: Скопје памети - 83 години од црниот 11 март
