Украден „голф“ кој бил паркиран со клуч на бравата - возачот удрил во маркет и повредил вработена

На 26.02.2026 во 22:40 часот во СВР Тетово, Ќ.И.(78) од с.Стримница, тетовско, пријави дека во селото било одземено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое е сопственост на друго лице, а тој го користел и кое било паркирано и оставено со клуч на бравата, соопшти МВР.
Според пријавеното, лицето кое го одзело возилото, движејќи се кон с.Палатица предизвикало сообраќајна незгода, односно удрил во објект на маркет и го напуштил местото. При тоа со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово, се здобила Л.К.(23) од с.Палатица, вработената во маркетот, а предизвикана е и штета на објектот. По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
