Украина и Русија со меѓусебни напади, осум повредени во Киев
Украина и Русија синоќа разменија напади со дронови, предизвикувајќи пожари и повреди, соопштија локалните власти. Најмалку осум лица се повредени во нападот врз украинската престолнина Киев.
Украински напад со дронови предизвика пожар во нафтената рафинерија „Илски“ во рускиот Краснодарски крај, соопшти тамошната администрација. Пожарот, кој зафатил неколку квадратни метри во еден од производствените сектори, бил брзо изгаснат, а нема жртви. Персоналот на рафинеријата бил евакуиран во привремени засолништа.
Од друга страна, Русија изврши напад со дронови врз Киев, при што делови од соборени дронови предизвикаа пожари во неколку повеќекатни згради. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, извести дека пожар избувнал во четирикатна зграда во Дарницкиот реон, при што бремена жена и уште двајца повредени се хоспитализирани.
Пожари се регистрирани и во 16-катна и две деветкатни згради во Свјатошинскиот реон. Началникот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, обвини дека Русија „намерно напаѓа цивилни објекти“.
Сирени за воздушна тревога беа активирани во поголемиот дел од Украина околу 3:00 часот по локално време, а експлозии беа пријавени во Одеса и Кременчук, каде дел од градот остана без струја.
По нападите во Западна Украина, Полска ги подигна во воздух своите и сојузничките авиони.
МИА
Ново на Сител
-
Милевски: Главна цел ни беше да останеме на првото место
-
Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот, но нејзиниот колапс не е во интерес на Унгарија
-
Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за рамноправна, европска и правна држава, членка на Европската Унија
-
Ден на независноста – 34-годишнината се одбележува под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“
-
Автобусите на ЈСП - Скопје сообраќаат по неделен возен ред
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин
-
Нови прoтести на студентите во блокaдa зaкaжани за денеска во Белград и во Нови Сад