Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите

Главниот командант на украинската војска, генерал Олександер Сирски, денеска изјави дека од 17 до 20 март се засилиле „непријателските офанзивни дејствија“.
„Противникот се обиде истовремено да ги пробие одбранбените линии на нашите сили на неколку стратешки правци. Жестоки борби се водеа по должината на целата линија на фронтот“, наведе Сирски во порака на Телеграм.
Според генералот, во текот на четирите дена имало „619 јуришни акции“ на руската војска, но „цената на тој офанзивен обид била катастрофална за агресорот“.
„И покрај огромниот притисок и ангажирањето на значителни резерви, руската команда не успеа да ги изврши своите задачи“, додаде тој.
Украинската војска ги проценува руските загуби на „6.090 загинати и ранети војници“ за четири дена. Таа бројка не може да се провери од независни извори, пренесе парискиот весник „Монд“.
Борбите продолжуваат на некои делови од фронтот, а Русите „се подготвуваат да ги продолжат нападите сметајќи на влошување на временските услови“, наведе украинскиот генерал.
Ново на Сител
-

НБ: Каматната стапка е непроменета - претпазлива монетарна политика во услови на сѐ поголема светска неизвесност
-

Ким ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава број еден“
-

Ревизија во ДИК за 2024 година, утврдени неправилности и системски слабости
-

Лани куќа во Центар продадена за 1,5 милиони евра, деловен простор за 6,8 милиони евра
-

Средба Муцунски - Минзату, тема унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики
-

Русија развива вакцина против ХИВ
-

Конференција „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“
-

Утрово најтопло во Скопје и Велес, најстудено на Попова Шапка и во Берово
