Умерен интензитет на сообраќај на патиштата надвор од градските средини
Поради градежни работи на 15 и 16.09.2022 на патниот правец Р1106 Нова брезница – Коломонт поради сигурност на сообраќајот и ефективно завршување на градежните работи потребно е да се стават во прекин термините за движење низ НП Јасен и тоа: Од Скопје – М.Брод од 12.00 до 12.45; Од М.Брод – Скопје од 10.30 до 11.00 и 13.00 до 13.45, информираат од АМСМ.
Од АМСМ информираат и дека од 18.08.2022 до 19.09.2022 на патниот правец Охрид - Ресен преку Галичица поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот е во прекин помеѓу 09:00 и 15:30 часот. Работите се изведуваат само во работни денови.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
