Умеров: Украина може да произведува четири милиони дронови годишно
Украинскиот министер за одбрана Рустев Умеров вчера изјави дека украинските компании го зголемиле својот индустриски капацитет за да можат да произведуваат четири милиони дронови годишно.
„Украинските производители годинава на фронот ќе испорачаат четири милиони дронови, додека украинската армија веќе прими 1,5 милиона дронови“, рече Умеров на прес-конференција, пренесува Киев Индепендент.
Според него, владата моментално издвојува 2,5 милијарди гривни (60 милиони долари) месечно за тимовите за директна набавка.
Од почетокот на конфликтот, Украина во голема мера се фокусираше на развој и распоредување на напредни беспилотни системи.
Од април 2025 година, повеќе од 95 проценти од беспилотните летала што ги користат украинските сили на фронтот се од домашно произведство.
И Украина и Русија сè повеќе се потпираат на војување со дронови, користејќи воздушни, поморски и копнени дронови за извидување и борбени операции, што ја прави технолошката иновација клучна компонента на војувањето, според украинскиот портал.
Ново на Сител
-
Уапсени три криминалци од Куманово барани со потерници за затворски казни
-
Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Во среда се гласа извештајот за Македонија
-
Муцунски во Хаг
-
Муртезани во Париз
-
Расте електронското плаќање
-
Водовод: Секој скопјанец дневно троши по 664 литри вода
-
Интерпелацијата на Костадиновски од Уставен можно е да пропадне