Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, ја обвини Украина дека со дронови нападнала „важна дистрибутивна станица“ на рускиот нафтовод „Дружба“ во рускиот регион Брјанск.
Сијарто синоќа на Фејсбук тврдеше дека Украина извршила напад преку ноќ врз клучна точка во нафтоводот што ја снабдува Унгарија со сурова нафта.
- Унгарија во моментов е најголемиот снабдувач на електрична енергија за Украина и без нас, енергетската безбедност на земјата би станала доста нестабилна. Во овој контекст, најновиот напад на Украина врз нафтоводот „Дружба“, кој игра клучна улога во енергетската безбедност на нашата земја, е особено скандалозен“, напиша тој.
Тој ја повика Украина „да не ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија и да престане да ги напаѓа енергетските патишта за снабдување со енергија до Унгарија“.
Европската комисија предложи воведување правно обврзувачка забрана за увоз на руски гас и течен природен гас во Европската Унија до крајот на 2027 година. Планот не може да се усвои ако биде блокиран од Будимпешта или Братислава.
Во јули, Сијарто извести за напредокот на проектот за новиот нафтовод помеѓу Унгарија и Србија, најавен претходно оваа пролет, и повторно ја критикуваше Европската Унија за откажување од руските енергетски ресурси.
МИА
Ново на Сител
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод
-
Групна тепачка во угостителски објект во Куманово, приведени пет лица
-
„Ватсап“ вели дека Русија се обидува да ја блокира апликацијата
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш
-
Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места