Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ

Унгарија не поддржува забрзан процес на пристапување за ниту една земја-кандидатка во Европската Унија, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Маѓар рече дека за време на разговорот го повторил јасниот став на Будимпешта за понатамошно проширување на Унијата.
„Потврдив дека Унгарија не поддржува забрзан процес на пристапување за ниту една земја-кандидатка“, напиша премиерот во изјава по средбата.
Тој, исто така, му рече на Кошта дека Унгарија ќе може да го одобри следниот седумгодишен буџет на ЕУ само ако постигнатиот компромис е во согласност со интересите на унгарските граѓани и бизниси. Пораката доаѓа пред преговорите меѓу земјите-членки за финансиските приоритети на Унијата и распределбата на средствата во новата повеќегодишна финансиска рамка.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
-

Прилеп има градинка, но нема негувателки
-

Штип ги стипендира најуспешните млади ученици спортисти
-

Охрид и Струга со потенцијал за конгресен туризам
-

Преглед на вестите од светот
