Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови

Унгарската влада следната недела ќе достави пакет законски предлози неопходни за обезбедување пристап до околу 16,95 милијарди евра од европските фондови, потврди денеска премиерот Петер Маѓар.
Во објава на социјалните мрежи по владината седница во Будимпешта, Маѓар соопшти дека кабинетот одлучил да започне итна ревизија на јавните набавки за апарати за механичка вентилација набавени за време на пандемијата на Ковид-19. Според него, овие набавки ја чинеле државата стотици милијарди форинти.
Унгарскиот премиер најави и серија реформи во повеќе области, меѓу кои и укинување на сегашниот систем за оценување на наставниците. Владата, исто така, планира да го преиспита проектот за железничката линија Будимпешта–Белград, како и работата на Националната земјоделска комора.
Маѓар информираше дека се преземени мерки за намалување на таканареченото визуелно загадување преку значително заострување на правилата за поставување рекламни паноа на јавни места и на фасадите на зградите.
Кабинетот ќе ги разгледа и правилата за финансирање на политичките партии, како и режимот за вработување работници од земји надвор од Европската Унија. Во одредени области веќе се воведени итни ограничувања, посочи премиерот.
Меѓу другите најавени мерки е и ревизија на концесијата за управување со отпадот. Владата воведе и мораториум на сечата во заштитените подрачја и започнува преиспитување на системот за издавање дозволи за инвестиции во секторот за производство на батерии.
Според Маѓар, сите овие чекори се дел од пошироките напори за реформирање на управувањето и за подобрување на пристапот на Унгарија до европското финансирање.
МИА
Ново на Сител
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
