Унгарската владејачка партија предлага ограничување на премиерскиот мандат на осум години

Владејачката унгарска партија Тиса доцна синоќа во парламентот поднесе предлог за уставен амандман со кој премиерскиот мандат би се ограничил на најмногу осум години, што законски би го оневозможило враќањето на поранешниот претседател на владата, Виктор Орбан, на таа функција.
Актуелниот премиер Петер Маѓар, кој на изборите во април го собори од власт Орбан по 16 години владеење, изјави дека ќе го искористи двотретинското мнозинство во парламентот за да ги поништи и измени законите донесени од партијата Фидес на Орбан, вклучувајќи го и Уставот, со цел да се обнови демократскиот баланс меѓу трите столба на власта.
Според нацрт-амандманот објавен на веб-страницата на парламентот, лицата кои претходно биле на функцијата претседател на владата најмалку осум години „не може повторно да бидат избрани за премиер“. Ова правило би се применувало за сите премиерски мандати по 2 мај 1990 година. Исто така, предлогот предвидува премиерот да мора да отстапи од функцијата по вкупно осум години стаж, односно по два мандата.
Амандманот го подготвува теренот и за укинување на Канцеларијата за заштита на суверенитетот, тело што Орбан го основаше во 2023 година, кое водеше регистар на медиуми кои се сметаа за закана за унгарскиот суверенитет и имаше овластување да ги истражува нивните активности.
Владата на Маѓар, врз основа на овие измени, би можела да ја преземе и контролата врз фондациите кои управуваат со дваесетина универзитети, а се отвора и можност за нивно распуштање. Во тој случај, државниот имот во вредност од повеќе стотици милијарди форинти, кој владата на Орбан им го додели на тие фондации, би се вратил во сопственост на државата.
„Амандманот јасно нагласува дека иако фондациите се приватни ентитети, нивниот имот е државен имот“, се наведува во текстот на законскиот предлог.
МИА
Ново на Сител
-

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро
-

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари, намалена е за 54 денари во однос на април
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
