УНИЦЕФ: Во Србија живеат 108.000 девојки и жени кои се омажиле пред да станат полнолетни

Во Србија живеат 108.000 девојчиња и жени кои се омажиле пред 18 години, според извештај на УНИЦЕФ „Детски бракови и адолесцентна бременост во Србија“. Во него се наведува дека секое второ девојче во ромските населби е во брак или живее во вонбрачна заедница, додека секое шесто се омажило пред својот 15-ти роденден.
„Таквите бракови често доведуваат до прекин на образованието и малолетничка бременост, што го потврдува фактот дека едно од три девојчиња од најсиромашните ромски населби раѓа дете пред да биде полнолетна, а три проценти од девојчињата од вкупната популација одат во породилиште“, се вели во извештајот на УНИЦЕФ, објави „Политика“.
Тие исто така наведоа дека детските бракови во Србија најчесто ги погодуваат децата во ромските заедници, каде што 56 проценти од девојчињата се мажат пред да наполнат 18 години додека во општата популација шест отсто малолетнички стапуваат во детски брак.
„Една петтина од девојчињата од најсиромашните слоеви на општеството се омажиле пред 18 годишна возраст, додека кај најбогатиот слој тој процент е значително помал и изнесува 0,7 проценти“, се вели во истражувањето.
Авторите на истражувањето наведоа дека е потребно детските бракови да се дефинираат како кривично дело против сексуалната слобода на малолетниците.
МИА
Ново на Сител
-

Татко и син осомничени за илегална трговија со марихуана во гевгелиско
-

Утринава се откажани сите летови од Скопје поради густата магла
-

Сиљановска-Давкова по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик: Да продолжиме да бидеме пример за заедништво во различноста и да се гордееме со нашата заедничка татковина
-

Пет лица повредени во сообраќајка кај Петровец
-

Рускиот преговарач вели дека разговорите за Украина се „конструктивни“
-

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка
-

Најстудено утрово во Тетово, Битола, Прилеп и Берово со измерени -4
-

Скопје утрово е најзагаден град во Европа
