Македонија
6. September 2025 - 16:30

Управата повторно ги отвора матичните канцеларии во селата

Матичните услуги повторно достапни во селата ,  Управата за водење матични книги ги отвора затворените канцеларии. Жителите на руралните подрачја повеќе нема да мораат да патуваат до најблискиот град за да извадат матични документи. Управата, во соработка со локалните самоуправи, започна со отворање на затворените канцеларии низ селата, со што овие услуги повторно стануваат достапни во местата каде што луѓето живеат. Како што најави директорот на Управата, канцелариите ќе се активираат таму каде што постојат реални услови и изразена потреба од нивно функционирање.

Конкретен пример е општината Василево. По пауза од пет години, жителите на околу дваесет населени места повторно ќе можат да добиваат матични документи во својот општински центар, без да мора да одат во Струмица.

Покрај ова, од Управата информираат дека се работи и на усовршување на електронските услуги, со цел пристапот до матичните податоци да стане побрз, поедноставен и достапен од било кое место.