Македонија
21. October 2026 - 16:48

Управниот одбор не одобрил набавка на апарати за коцкање

Управниот одбор на Државна лотарија, не донел посебна одлука за набавка на апарати за коцкање, ниту пак нивното купување било точка на дневен ред.

Ова го изјави поранешниот член на Управниот одбор, Христа Најданов на денешното судење за слуачот „Лотарија“.

Тој сведочеше дека можеби во финансиските планови било наведено дека ќе се купуваат видеолотариските терминални, но тоа никогаш не било засебна точка на седница на Управниот одбор.

Дека биле купени апарати за самостојно организирање игри на среќа, дознал од медиумите.

„Јас како член на УО сметам дека штом од страна на правна служба ни е кажано дека имаме право да организираме вакви игри на среќа, тоа е точно и од тие причини сум ја поддржал ваквата одлука“, Христа Најданов, поранешен член на УО на АД Државна лотарија.

Според одбраната, набавката на апаритете за коцкање, Управниот одбор ја потврдил преку усвојувањето на финансиските планови и планот за јавна набавка.

За незаконската набавка на видеолотариски терминали во вредност од скоро 10 милиони евра, обвинети се поранешниот директор на лотарија, генералниот секретар на владата и тогашниот вицепремиерот Артан Груби кој претседавал со владината седница на која била донесена одлука за самостојно организирање игри на среќа.

Груби пак веќе најави дека за сведоци ќе ги повика сите министри кои учествувале на седницата.