Уште две жртви од пожарот во Домот за пензионери во Тузла

Бројот на жртвите од неодамнешниот пожар во Домот за пензионери во Тузла се искачи на 17, откако во изминатите 24 часа починаа уште две лица.
Станува збор за две кориснички на Домот кои беа хоспитализирани во Универзитетско-клиничкиот центар Тузла (УКЦ).
-Во моментов во УКЦ на хоспитализација се двајца пациенти на Клиниката за интерни болести – соопштено е од тузланскиот УКЦ, пренесува сараевскиот портал „Кликс“.
Од Обвинителството на Тузланскиот кантон наведоа дека денеска ќе бидат издадени наредби и ќе се изврши обдукција на телата на починатите жени.
Во пожарот, кој избувна во Домот за пензионери на 4 ноември, на самото место загинаа 11 лица, додека беа повредени повеќе од 30 лица.
Обвинителството на Тузланскиот кантон претходно соопшти дека првичните наоди на вештаците покажале дека пожарот во Домот за пензионери е предизвикан од краток спој на кабелот од радиоприемник, кој бил механички и термички оптоварен бидејќи бил притиснат меѓу душекот, ѕидот и металниот дел од креветот.
Обвинителството на Тузланскиот кантон формира истражен тим кој спроведува истражни дејствија и прибира докази со цел утврдување на релевантните факти.
МИА
Ново на Сител
-

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници
-

Цветинова награда за мир за Доналд Трамп
-

Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година
-

Новогодишен воз на Железници Транспорт на 2, 3 и 4 јануари
-

Запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети во акција на мобилен царински тим
-

Поранешниот директор на затворот Шутка Филип Андов - Сокол осуден на осум месеци затвор
-

Многу студена новогодишна ноќ, силен северен ветер и температури до -15 степени
-

Над 6.000 парчиња пиротехника запленета на Бит Пазар
