Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

Уште еден нафтен танкер беше нападнат во Ормуската Теснина, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО), при што бродот бил погоден од „непознат проектил“.
Нападот се случил во вторникот во протокот меѓу Иран и Оман, наведува УКМТО во соопштението објавено рано утрово. За разлика од повеќето претходни извештаи, сепак, агенцијата првично не даде попрецизна локација, оставајќи нејасно дали танкерот бил погоден во близина на брегот на Оман или поблиску до Иран.
Екипажот е на безбедно, соопшти УКМТО, а напаѓачот не е идентификуван.
Во понеделникот, УКМТО исто така пријави напад врз танкер во близина на оманскиот брег.
Иран продолжува во најголем дел да го блокира сообраќајот низ протокот преку закани и напади врз бродови. Ормуската Теснина е клучна рута за извоз на нафта, гас и вештачки ѓубрива од земјите од Заливот, поради што нарушувањата таму се причина за загриженост за глобалната економија.
Протокот стана централна точка во војната меѓу Соединетите Држави и Иран. Пред војната, овој воден пат беше отворен за пловидба.
МИА
Ново на Сител
-

Одбраната го оспорува градежното вештачење за „Пулс“
-

Вашингтон најавува економска офанзива против Иран - Санкции и за земјите што ќе му помагаат на Техеран
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
