-->
-->
Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-->

На 06.12.2025 во 10:20 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена од едно лице за сума од околу 170.000 денари.
Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и на оштетената и кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор.
Како што е пријавено, таа излегла на улицата и ги дала парите на машко лице, но подоцна сфатила дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа, односно дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
