Македонија
8. јуни 2025 - 12:59

Уште една пријава од граѓанин за насилно одземена биста од Градските гробишта Бутел

Скопјанецот  Г.Ј. (63) денеска пријавил во полиција дека од гробно место на Градските гробишта Бутел со употреба на физичка сила и погоден алат била одземена биста.

Според  Г.Ј., бистата е одземена во периодот од 01.04.2025 до 07.06.2025.

МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.