Уште една жртва од пожарот во Тузла, 12 свеќи за жртвите во Домот за пензионери

Бројот на жртви од пожарот што го зафати Домот за пензионери во Тузла во вторникот вечерта се искачи на 12.
Повеќе од 30 лица побарале медицинска помош во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, потврди градоначалникот Зијад Лугавиќ.
Граѓаните палат свеќи во чест на жртвите. Денеска е ден на жалост во Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Зијад Лугавиќ изјави дека меѓу повредените во пожарот има жители и вработени во Домот, полицајци, пожарникари и медицински техничари.
Според него, Градскиот совет ќе одржи вонредна седница во врска со трагедијата.
Директорот на Домот за пензионери во Тузла, Мирсад Бакаловиќ, поднесе оставка од својата функција, потврди институцијата за грижа за стари лица за порталот Кликс.
Пожарот избувнал во вторникот вечерта, во 20:45 часот на седмиот кат од Домот за пензионери во Тузла, а бил локализиран по 22 часот.
Причината за пожарот сè уште не е позната.
МИА
Ново на Сител
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
-

Маглата го отежнува сообраќајот
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
