Условна казна затвор од една година доби екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска
Условна казна затвор од една година доби поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска. За оддавањето на службена тајна и податоци од ДКСК на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино и фалсификување компјутерски сертфификат за кои е осудена, судијата како отежителни околности ги зема тоа што била на чело на најважната институција за спречување на корупцијата кога ги сторила кривичните дела и и го загрозила интегритетот, но и сериозноста на делата.
Сепак Обвинителството вели дека очекувало ефективен затвор, но се задоволни што се земени предвид доказите и Димитровска е прогласена за виновна. Дали ќе се жалат до Апелација, допрва ќе утврдуваат.
Одбраната на Димитровска не е задоволна од условната казна. Со жалба до Апелациониот суд ќе докажуваат дека е невина.
Миле Столески кој го полгаше безбедносниот сертификат во име на Татјана Димитровска доби шест месеци условна казна. Единствена од тројцата обвинети која доби ослободителна пресуда беше Билјана Петровска Мантева. Според судот таа не одала службена тајна на директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ како неповикано лице, бидејќи тој во временскиот период се уште раководел со институцијата.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
