-->
-->
Успешен старт на Ѓорческа во Лајпциг
-->

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во второто коло на турнирот од серијата W75 во Лајпциг, откако вчера со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 64) ја совлада Анастасија Фирман од Украина.
Ѓорческа до стартната победа на турнирот во германскиот град дојде по 2 часа и 30 минути.
Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против чешката тенисерка Алена Ковачкова, која претходно со 2-0 во сетови ја совлада Сохун Парк.
Турнирот во Лајпциг се игра за награден фонд од 60.000 долари.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
-

Новиот директор на ФЗО Златко Перински бара начини како да се спречи злоупотребата на долгите боледувања
-

Државата бара 41 милион евра преку издавање обврзници, опозицијата обвинува - Буџетот е празен
-

Иџе го тестираше новиот прототип болид
-

Жерновски: Владата веќе договорила прифаќање на Францускиот предлог
