Успешни први тестови за вакцина против кламидија

Новата британска вакцина против кламидија ги мина своите први тестови за безбедност. Тоа е прва вакцина од ваков вид тестирана врз човек.
Кламидија е бактериска инфекција што се пренесува преку сексуален однос без заштита, дури и ако нема пенетрација. Инфицираното лице често нема симптоми, поради што кламидија се нарекува и тивка болест. Ако не се лекува со антибиотици, тоа може да доведе до сериозни компликации и да влијае на плодноста.
Оваа сексуално пренослива болест е доста честа појава. Во Велика Британија, на годишно ниво, дијагнозата на скоро половина од регистрираните случаи на сексуално преносливи болести е кламидија. Стручните лица велат дека вакцинацијата може да биде најдобриот начин за борба против тоа.
Дополнителните тестови ќе покажат колку е ефикасна и каква доза е потребна, објави списанието „Лансет“.
Но, за тоа ќе бидат потребни години, а во меѓувреме, најдобриот начин да се избегне кламидија е да се користи кондом.
Ново на Сител
-

Трамп е во одлична здравствена состојба, соопшти Белата куќа
-

Алиу: Реализираме стратешки капитални проекти во здравството
-

Бела куќа: Без „црвените линии“ на Трамп нема договор со Иран
-

Артета: ПСЖ го брани трофејот од Лигата на шампионите, а Арсенал е тука да го земе
-

За 20 отсто намалени производството и уловот на риба
-

Утрово најстудено во Берово
-

Во 2025 година пречистени само 20,6 отсто од отпадните води
-

Мицкоски и Алиу на средба со здруженијата за Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун
