Успешни први тестови за вакцина против кламидија

Новата британска вакцина против кламидија ги мина своите први тестови за безбедност. Тоа е прва вакцина од ваков вид тестирана врз човек.
Кламидија е бактериска инфекција што се пренесува преку сексуален однос без заштита, дури и ако нема пенетрација. Инфицираното лице често нема симптоми, поради што кламидија се нарекува и тивка болест. Ако не се лекува со антибиотици, тоа може да доведе до сериозни компликации и да влијае на плодноста.
Оваа сексуално пренослива болест е доста честа појава. Во Велика Британија, на годишно ниво, дијагнозата на скоро половина од регистрираните случаи на сексуално преносливи болести е кламидија. Стручните лица велат дека вакцинацијата може да биде најдобриот начин за борба против тоа.
Дополнителните тестови ќе покажат колку е ефикасна и каква доза е потребна, објави списанието „Лансет“.
Но, за тоа ќе бидат потребни години, а во меѓувреме, најдобриот начин да се избегне кламидија е да се користи кондом.
Ново на Сител
-

МВР: Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Ракета на „Блу Ориџин“ експлодираше за време на тестирање на моторот во Кејп Канаверал на Флорида
-

Бесент: Постигнувањето договор ќе зависи од одлуката на Трамп
-

Советот на ЕУ одобри исплата на 2,8 милијарди евра помош за Украина
-

Сончево со мала облачност
-

Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип, вработени побарале лекарска помош
-

НАСА на 9 јуни ќе го претстави екипажот за „Артемис 3“
-

Одредени селекторите на македонските младински кошаркарски репрезентации
