Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија од 2022 година под лупа на уставните судии. Судот оформи предмет по пријавата на поранешната пратеничка Лилјана Поповска, која бара и негово поништување. Како аргументи за иницијативата е наведено дека Протоколот не е ратификуван во Собранието, не е објавен во дадениот уставен рок во „Службен весник”, а не е испочитувана ниту процедурата за негово договарање, усвојување од страна на Владата и потпишување.
Според Поповска прекршени се 19 члена од законските решенија за негово усвојување.
Според Поповска, најголемиот дел од барањата со кои Софија го условува патот на Скопје кон ЕУ се содржат во ткн. Протокол од меѓувладината комисија. Тој веќе стана дел и од документите на ЕУ. Доколку со оваа иницијатива Утавен го прогласи за ништовен Протоколот, тоа ќе значи и основа за интервенирање и во заклучоците на македонското собрание кое даде зелено светло за информацијата за самата преговарачката рамка, смета Поповска.
И македонскиот врв неколкупати истакна дека ваквата иницијатива ќе потврди дали уставните измени се единствената пречка за Бугарија за откочување на нашиот евроинтеграциски процес. Шефот на дипломатијата го оцени овој втор Протокол од меѓувладината седница со Бугарија за најштетен документ во историјата на нашата надворешна политика.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар