Уставниот суд воведува редовни средби со граѓаните секој прв четврток во месецот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод 62-годишнината од првата седница одржана на 15 февруари 1964 година, ги повикува граѓаните на редовни средби со претседателот Дарко Костадиновски, кои ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот.
Прес-службата на Уставниот денеска соопшти дека целта на средбите е да се приближи работењето на овој суд до граѓаните, да се подигне свеста за уставно загарантираните права и да се објасни начинот на правилно поднесување на поднесоци.
Посочуваат дека средбите претставуваат можност граѓаните одблизу да се запознаат со надлежностите, постапките и значењето на одлуките на Уставниот суд во заштита на правата и слободите.
За учество, заинтересираните можат да се пријават на електронската адреса gragani@ustavensud.mk, а за дополнителни прашања на располагање е и телефонскиот број +389 2 322 3626, се наведува во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Честитка од Стоилковиќ по повод Денот на државноста на Србија
-

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг при патување во ЕУ
-

Со низа настани Србија го слави Денот на државноста
-

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка
-

Денес се празнува Сретение Господово
-

Во Пожаране за 24 часа 48 литри дожд, во Тетово 45, во Лазарополе 33
-

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен
-

Техеран: Иран е подготвен да разговара за компромиси за нуклеарната програма
