Усвоени измените на Законот за јавни набавки

Собранието ги усвои измените на Законот за јавните набавки, со кои се воведуваат нови решенија за поголема транспарентност, конкуренција и поефикасно користење на јавните средства.
Меѓу клучните новини е задолжителната примена на критериумот „најдобар сооднос меѓу цена и квалитет“, како и унапредување на електронскиот пазар за набавки од мала вредност.
Бирото за јавни набавки ќе добие пошироки надлежности за користење дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за следење на постапките и препознавање ризици од злоупотреби.
Измените предвидуваат и поголема транспарентност кај постапките со преговарање без оглас, континуирана обука на службениците за јавни набавки и усогласување на вредносните прагови и жалбените надоместоци со актуелните економски услови.
Ново на Сител
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
