Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на атлетска трка
Поради атлетска трка утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим во општина Аеродром.
- Утре во периодот во 07:30 часот до 10:30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански“ (десна коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад) на потегот од крстосница со бул.„Србија“ и бул.„Видео Смилевски Бато“ до крстосница со ул.„Владимир Комаров“, на дел од ул.„Васко Карангелевски“ (во двете насоки на движење) на потегот од крстосница со бул.„Јане Сандански“ до крстосница со бул.„АСНОМ“ и на дел од бул.„АСНОМ“ (десна коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад) на потегот од крстосница со бул.„Киро Глигоров“ и бул.„Србија“ до крстосница со ул.„Васко Каранѓелевски“ во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информира Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана