Македонија
26. March 2026 - 13:29

Утре променливо време со дожд, снег на планините и посвеж викенд

Утре се очекуваат повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, со количина над 20 литри на квадратен метар, а можни се и ретки појави на грмежи. На повисоките места дождот ќе преминува во снег, а на планините ќе врне снег и ќе се формира нова снежна покривка - информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 4 до 15 степени.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи со послаб интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен по должината на Повардарието.

В понеделник се очекува привремено стабилизирање на времето, а нов бран врнежи се најавува од вторник.

 

МИА