Кошарка
13. September 2016 - 19:45
Утре во Кавадарци проти Велика Британија е да се биде или не за македонската репрезентација
Кошаркарската репрезентација на Македонија по триумфотѕ над Луксембург во саботата ги задржа и теоретските шанси за пласман на Евробаскетот 2017. Но за тоа да се оствари ќе треба да се постигнат две високи победи над Велика Британија утре во Кавадарци и во сабота на теренот на Унгарија во Шолнок, а притоа и во другите резултати да одат во наша полза. Нашите кошаркари вчера тренираа во Скопје, а денеска се пак во Кавадарци каде утре од 19 часот се игра натпреварот против Велика Британија.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
-->
-->