Ужас во Белград: Пијан 24-годишник помина на црвено и усмрти тричлено семејство мeѓу кои и 9-годишно детe | ВИДЕО
24-годишниот Н. Ѓ. од БиХ, вчера, еден час по полноќ, со голема брзина удрил во друго возило со своето „ауди“ во Нов Белград, при што на самото место загинало тричлено семејство, кое се наоѓало во автомобилот „хјундаи“. Нивото на алкохол во крвта на возачот било измерено на 1,17 промил, а бил позитивен и на канабис. Тој денес ќе биде сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград, пренесува српски „Телеграф“.
Во стравотната сообраќајна несреќа животот го изгубија сообраќајниот полицаец Б. Ж. (43), неговата сопруга Д. К. (38) и нивниот деветгодишен син М. Ж. Совозачот од „аудито“, Ј. П. од БиХ, кој исто така бил под дејство на алкохол, со ниво во крвта од 1 промил, е во тешка состојба на Ургентниот центар. Лекарите му дијагностицирале тешки повреди опасни за животот.
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ ги потврди деталите за несреќата што се случила околу 00.50 часот на улицата Омладинска бригада.
„Возачот на ‘аудито’, Н. Ѓ. (24), државјанин на БиХ, е уапсен поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешки дела против безбедноста во јавниот сообраќај. Утврдено е дека возел под дејство на алкохол во крвта од 1,17 промил“, рече Дачиќ.
Тој потврди дека настрадало семејството во „хјундаито“, а дека возачот ќе биде приведен до 48 часа.
Ново на Сител
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
-

Ѓубрето во Скопје не се собирало со умисла - обвинителството поднесе обвинение против Рустеми и Саити
-

Одложена седницата за избор на в.д државен јавен обвинител
-

Се нижат оставки во СДСМ и барања за смена на Филипче по изборот на ново раководство
-

Во Струмица и Кичево не се дише, Скопје втор најзагаден град во Европа
