Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула

Фудбалерите на Вардар ја прославија новата шампионска титула. Во последниот натпревар сезонава и тоа дерби со минатогодишниот првак Шкендија, вардарци славеа победа со 3-0.
Првата шанса уште во 7.минута ја имаа гостите, кога Мацари изби сам пред голманот Талески, но наместо мрежата ја погоди на неговата нога. Вардарци беа поконкретни има иницијатива. До водството сепак стигнаа среќно и тоа благодарение на автоголот на Ајети во дваесеттата минута. Новиот шампион Вардар веќе во 36.минута имаше два гола предност а стрелец на вториот погодок беше Горан Закариќ.
Во второто полувреме, тетовци одиграа нешто поквалитетно. Создадоа неколку шанси тетовци, а во 70-тата добија и пенал.
Во првиот обид Талевски го одбрани ударот на Љатифи, но домашниот голман предвреме ја напушти гол линијата. Но и во повторениот одби, вардаровиот голман беше поуспешен, па резултатот остана 2-0 за Вардар.
Но, тој резултат беше актуелен се до 81.минута кога по асистенцијата на Јанкулов во листата на стрелци се запиша Николов за 3-0.

Ова е прв трофеј за Вардар по шестгодишна пауза, а вкупно 12, од осамостојувањето на Македонија!
Ново на Сител
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
