Loading Video...
Ракомет
1. April 2022 - 13:39

Вардар пред елиминација во осминафиналето на Лигата на шампиони

Македонскиот ракометен првак Вардар е пред елиминација во осминафиналето во Лигата на шампионите, иако црвено-црните треба да го одиграат и реваншот со Веспрем.
 
Во првиот меч од осминафиналната рунда одигран во СЦ Јане Сандански ракометарите на Вардар беа убедливо поразени од унгарски Веспрем со осум голови разлика (22-30), па во реваншот на гости црвено-црните ќе имаат невозможна мисија и само чудо може да ги промовира во четвртфиналисти. 
 
Иако надежта последна умира, сепак за тоа е свесен тренерот на вардарци Дејвис.
 
„Беше тешко, целта ни беше пласман во нокаут фазата и ја исполнивме. Се обидовме да се подготвиме за Веспрем, ама одигравме само 15 добри минути. За два месеци се покажа до кое ниво стигнавме, а така не може да се дојде до успех. Ќе продолжиме да напредуваме и верувам дека со време ќе го достигнеме посакуваното ниво во играта. Имаме реванш, ќе се подготвиме и за него и ќе се бориме додека имаме шанса. Благодарен сум на „Комити“ и сите останати во салата кои ни пружија неверојатна поддршка“, изјави Дејвис.
 
Реванш средбата ќе се игра во среда (6 април).