Loading Video...
Ракомет
28. February 2022 - 13:58
Вардарци нема да гостуваат кај Мешков Брест
Иако беше предвидено Вардар во среда да гостува во Белорусија кај Мешков Брест во рамките од Лигата на шампионите сепак тоа нема да се случи.
Вардарци остануваат во Скопје, а причината е одлуката на Европската ракометна федерација (ЕХФ) да ги одложи сите натпревари во кои се инволвирани екипите од Белорусија, Русија и Украина, разбирливо поради безбедносни причини и актуелната состојба во тој регион
ЕХФ дополнително ќе донесе одлука што со одложените натпревари.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->