Вашингтон и Сеул ги почнаа најголемите воени вежби во последните пет години
Јужна Кореја и САД денеска го почнаа најголемите заеднички воени вежби во последните пет години, и покрај заканите од Северна Кореја, која неколку часа претходно соопшти дека истрелала два крстаречки ракети.
Вашингтон и Сеул ја зајакнаа одбранбената соработка соочени со зголемената воена и нуклеарна закана од Пјонгјанг, што го зголеми бројот на пробни лансирања во последните месеци.
Вежбите „Штитот на слободата“ на американските и јужнокорејските сили, кои почнаа денеска, ќе траат најмалку десет дена и се резултат на двојно зголемената агресивност на Северна Кореја, насочена кон „развивање безбедна средина“, соопштија сојузниците.
Војската на Јужна Кореја на почетокот на март соопшти дека специјалните сили од Вашингтон и Сеул организираат воени маневри „Тиков Нож“ (Теак Knife) кои симулираат прецизни напади врз клучните инсталации во Северна Кореја, пред „Штитот на слободата“.
Сите овие вежби предизвикуваат бес кај Пјонгјанг, кој ги смета за генерална проба за инвазија на неговата територија или соборување на режимот, оправдувајќи го своето нуклеарно оружје и балистичките програми со потребата од одбрана.
Северна Кореја вчера истрела две крстаречки ракети врз подводна цел, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА. Агенцијата тврди дека тестот бил успешен и оти проектилите ги погодиле нивните цели.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

СП 2026: Еуфорија во БиХ пред првиот натпревар, поддршка даде и американски генерал
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
-

Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување
-

Американско-израелскиот мировен меморандум може да биде потпишан во недела во Женева
-

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери
-

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот бизнис-форум Северна Македонија - Турција
-

Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица
